САД и Индија склучија зделка вредна 10 милијарди долари

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Мумбаи, изјави дека со индиските домаќини договорил економска зделка вредна над 10 милијарди долари која ќе овозможи на отварање на 54 илјади работни места во САД. Според договорот предвидено е индиска авио компанија да купи 33 авиони боинг 737 а индиската војска да купи мотори за авијација од Џенерал Моторс.Обама говорејќи на америкаско- индискиот бизнис форум најави дека меѓу двете земји наскоро ќе стартуваат нови олеснителни правила за извоз на производи со што би се подобрил пристапот до пазарот.