Радикален свештеник од Јемен потикнувал тероризам?

Судот во Јемен му нареди на радикалниот светштеник, Анвар Ал Авлади да се појави денеска во судницата под обвинение дека потикнувал верници да убиват странци и оти е поврзан со Ал Каеда. Судијата Мохсен Алван побара од јавниот обвинител веднаш да биде донесен, свештеникот па дури и по цена на „насилно апсење“.
Радикалниот свештеник е роден во САД и сега живее во Јемен. Американските власти го обвинуват за потикнување на „ тероризам “ .