Медведев со вето на законот против антивладини протести

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска стави вето на неодамна усвоениот закон за рестрикција на антивладини демонстрации. Во отвореното писмо до двата дома на рускиот парламент Медведев вели дека нема да го потпише законот, бидејќи бил во спротивност со правото на слобода на собирање што е гарантирано со Уставот. Со законот им се забранува на оние што некогаш биле обвинети за нелегално собирање да бараат дозвола за одржување демонстрации.