Досега 138 загинати од ерупцијата на вулканот Мерапи

Бројот на загинатите од ерупцијата на вулканот Маунт Мерапи во Индонезија достигна 138, соопштија тамошните власти, откако синоќа од повредите здобиени од последната ерупција починале 20 луѓе. Вулканот се активира на 26 минатиот месец поради што неколку илајди лица беа евакуирани.