Над 50 загинати во напади врз џамии во Пакистан

Најмалку 55 луѓе загинале, а над 100 биле ранети во самоубиствен бомбашки напад врз една замија во северозападниот дел на Пакистан. Неколку часа подоцна, во друга џамија во Пешавар експлодира бомба при што имало најмалку двајца загинати. Се уште се испитува дали овие напади биле поврзани.