СДСМ - Министерката за култура ја потврди „Патриотска Метла“

Пратеникот на СДСМ Игор Ивановски изјави дека денешната прес-конференција на Министерката за култура Канческа-Милевска е признание дека од Министерството е исчезната тендерска документација и за дел од проекти од Скопје 2014 кои не биле поништени.
За тендер за музејот на ВМРО и склучен договор со фирмата „Неимар инженеринг“ исчезнати се понудите на учесниците во тендерот. За Стар театар, за кој на тендер е избрана фирмата „Константа-инженеринг“ од Белград, исчезнати се понудите од сите учесници. За тендер, заведен во архивата под број 48/07, исчезната е понудата на фирмата „Константа-инженеринг“. Исчезнати се и понудите на учесниците во тендерите и за изградба на карабината на Стариот театар, за кој е избран АД “Бетон-Штип“, како и понуди на пет фирми кои учествувале на тендер заведен во архивата под број 27/06, посочи Ивановски.
За нејзината најава дека кривично ќе го гони, Ивановски рече дека „ќе се видат на суд“.