Инциденти во Авганистан, загинале 5-мина цивили и 6 војници на НАТО

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска соопшти дека во самоубиствен напад во западен Авганистан, загинале 5-мина цивили, а над 20 биле ранети. Меѓу повредените е и лидерот на локалниот совет, кој веројатно и бил цел на нападот. Во меѓувреме, НАТО соопшти дека во изминатите два дена, 6-мина странски војници загинале во престрелки со буновниците и од нагазни мини.