Тројца руски пилоти киднапирани во Дарфур

Три руски пилоти на хеликоптер се киднапирани во Суданскиот регион, Дарфур. Локалниот Гувернер Абдел Хамид Каша изјави дека верува оти нив во Најала ги киднапирала истата група која зароби руски авијатичар во Авагуст годинава. Киднапирањата за откуп започнаа откако Меѓународниот Суд издаде потерница по Претседателот на Судан, Хасан ал Башир за воен криминал во Дарфур во 2009 година.