Франција и Кина договорија партнерство за нуклеарна енергија

Франција и Кина договорија партнерство за цивилна нуклеарна енергија. Најавата за соработка меѓу двете земји се официјализираше вчера при посетата на кинескиот претседател Ху Џинтао на Франција. Францускиот претседател Николас Саркози изјави дека двете земји ќе работат заедно на изградбата на нуклеарни реактори, рециклирање на гориво и ископување на ураниум. Француските и Кинеските власти размислуваат и за продажба на производите од оваа соработка на трети странки.