Повеќе од 90 настрадани во ерупцијата на вулкан во Индонезија

Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот Мерапи во Индонезија се искачи на деведесетмина, соопштија спасувачките екипи. Според болнички извори, шеесетмина се повредени во серијата ерупции на централниот остров Јава а повеќе од илјада лица биле евакуирани од зоните на опасност.