Реакции за смртната пресуда за жител на Иран

Иранските власти ги демантираа информациите за закажано итно погубување на жена обвинета за прељуба и соучество во убиството на нејзиниот сопруг. Сакине Мохамади Аширтани беше осудена на каменување до смрт, но извршувањето на пресудата беше суспендирано поради реакции од меѓународната заедница. Германска организација која се противи на смртната казна соопшти дека добила информации дека жената неделава ќе биде обесена. Иранската амбасада во Лондон, од друга страна, соопшти дека за сега нема планови за погубување на обвинетата.