ЕУ ќе ја зголеми контролата за влез во Шенген зоната за Западен Балкан

Европската Унија ќе ги укине визите за Босна и Херцеговина и Албанија, но ќе бара зајакнување на механизмот за надзор на безвизниот режим за сите земји од Западниот Балкан, јавуваат новинските агенции. Се очекува во понеделник, министрите за внатрешни работи на земјите членки на Унијата, да разговараат за укинување на визниот режим за Албанија и БиХ и истовремено Европската Комисија да објави дека поблиску ќе се набљудува спроведувањето во дело на визната либерализација. Целта на новиот механизам е да се спречи зголемуавањето на бројот на луѓе кои преку Западниот Балкан би влегле во Европа, намалување на бројот на луѓе кои бараат азил како и да подобрување на борбата против тероризмот и организираниот криминал.