Бомбашки напади во Ирак, 5 мртви

Најмалку 5 луѓе загинале, a 15 се ранети денеска во Ирак при неколку бомбашки напади врз владини и безбедносни цели, јавуваат новинските агенции. Три војници загинале и девет луѓе меѓу кои и цивили се ранети при првата експлозија на бомба на која налетала воена патрола во градот Шалах ел Дин во близина на Багдад.
Западно од Багдад во областа Анбар при експлозија на бомба загинал ирачки функционер заедно со својот возач.
Во третиот инцидент во кој биле ранети тројца полицајци станува збор за вооружена пресметка.