Украинските трговци протестираат против покачување на даноците

Околу 2 илјади украински трговци и претставници на мали бизниси протестираат пред Парламентот поради предлогот за покачување на даноците.
Демонстрантите се жалат дека новите давачки кои може да бидат изгласани во Парламетот во текот на овој месец ќе удрат по нивната заработувачка. Според предлогот на Меѓународниот монетарен Фонд, сопствениците на мали бизниси ќе треба да плаќаат данок во украинскиот пензиски фонд и да се зголемат давачките за претприемачите.
Даночните реформи се дел од планот да се намали дефицитот.