Германија ќе добие жена - рабин

Жена за прв пат , по Втората Светска војна ќе стане рабин во Германија. 31 годишната Алина Трејагер е родена во Украина и пристигнала во Германија во 2002-та година. Откако ќе биде поставена на функцијата Рабин, таа ќе биде одговорна за еврејската заедница во источна Германија.
Првата германска жена-рабин Реџина Џонас, која на таа функција била поставена во 1935-тата година, била убиена во Аушвиц десеттина години подоцна.
Денеска во Германија живеат околу 200 илјади Евреи, половина од нив се доселиле по паѓањето на Берлинскиот Ѕид.