Нов рекорд на еврото спрема доларот

Еврото денеска постави нов деветмесечен рекорд во порастот на неговата вредност спрема доларот. Прв пат по јануари едно евро се менува за долар и четириесет и два цента. Скокот на еврото следуваше по соопштението на американската централна банка дека ќе потроши дополнителни 600 милијарди долари на државни обврзници со цел поттикнување на стопанството.