Српскиот претседател Тадиќ пристигна во Вуковар

Српскиот претседател Борис Тадиќ пристигна во Вуковар во посета на меморијалот на Овчара каде што српките сили за време на окупацијата на овој хрватски град во 1991 година убиле околу 260 луѓе. Тадиќ ќе го посети и село Паулин Двор каде што хрватските сили убиле деветнаесет цивили, главно срби. Српскиот претседател е во придружба на неговиот хрватски колега Иво Јосиповиќ.