Квантас ги суспендира летовите на А320

Квантас Ервејс соопшти дека ја приземјува флотата со Ербас А320, најголемите патнички авиони на светот, по инцидентот кога едно летало од овој тип беше принудено да слета во Сингапур поради проблеми во еден од четирите мотори. Агенциите јавуваат дека авионот со 460 патници и членови на екипажот веднаш по полетувањето од Сингапур за Сиднеј морал да слета откако отпаднале делови од моторот. Во инцидентот немало повредени.