Ахмети се сретна со Рикер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Тетово се сретна со амбасадорот на САД во земјава, Филип Рикер. Тие разговарале за актуелните политички прашања во државата и регионот, како и за евроатланските интеграции на земјава. Ахмети го упатил Рикер во заложбите на партијата кон имплементација на рамковниот договор и за тешкотиите околу изнаоѓање на решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција.