Русија со поголема поддршка на НАТО во Авганистан

Руските власти и ветија на НАТО алијансата дека ќе ја зголемат помошта во мисијата во Авганистан, но без да ги соопштат конкретните заложби кои ќе ги преземат. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средбата со генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен изјави дека ќе ја зголемат соработката во Авганистан, бидејќи таа е од витално значење за сите. Расмусен се сретна и со рускиот претседател Дмитри Медведев, кој ја оцени релацијата на земјата со НАТО како попродуктивна и поинтензивна.