Двајца припадници на НАТО загинале во Авганистан

Претставници на НАТО соопштија дека два војника од Алијансата загинале денеска во Авганистан. Едниот војник загинал при напад на бунтовници во јужниот дел на земјата додека другиот во северниот дел на Авганистан при експлозија на мини граната. Годинава, вкупно 616 војници на НАТО силите загинале во Авганистан.