Српската влада ќе одлучува дали Србите ќе гласаат во Косово

Српската Влада благовремено ќе донесе одлука за излезност на Србите на косовските избори на 12 декември затоа што тоа е прашање од државен интерес. Ова го изјави денеска министерот за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ.Тој апелираше до политичарите во земјата да не го злоупотребуваат ова прашање за добивање на евтини политички поени . Богдановиќ вели дека за ова прашање ќе се прават анализи за сите можни сценарија кои ќе произлезат од нивната одлука.