Ахмадинеџад - Преговорите ќе прекинат ако Западот се однесува арогантно

Иранскиот претседател, Махмуд Ахмадинеџад изјави денеска дека престојните разговори со шестте светски сили во врска со нуклеарнита програма ќе пропаднат доколку тие продолжат, како што вели да се однесуваат „арогантно“. Ова е дел од неговото обраќање кон илјадниците жители на Бојнорд, кои на ваквиот говор возвратија со извикување „ Смрт за Соединетите Американски држави“. Техеран соопшти дека е подготвен за започне нова рудна на разговори со Соединетите држави, Русија, Кина, Велика Британија , Франција и Германија по 10-ти ноември. Вашингтон и дел од сојузнуците се сомневаат дека иранската нуклеарна програма има за цел тајно производство на нуклеарно оружје. Иран се уште го негира ова и тврди дека програмата е наменета за мирољубиви цели.