Изборите во Косово на 12 декември

Предвремените парламентарни избори во Косово ќе бидат одржани на 12 декември. Ова го соопшти вршителот на должноста претседател на Косово Јакуп Красниќи, кој претходно го распушти парламентот откако и беше изгласана недоверба на владата на Хашим Тачи. Политичката криза во Косово се појави по оставката на претседателот Фатмир Сејдиу и распадот на владеачката коалиција, предводена од премиерот Хашим Тачи.