Времето денеска променливо облачно

Времето ќе биде променливо облачно со локален дожд во западните делови на земјава. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура се движи од два до шест, а дневната ќе биде од 14 до 18 степени.
Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Утринската температура се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 17 степени.