Расмусен:Време е да се подобрат односите на НАТО и Русија

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен ќе пристигне во Москва. На својот официјален профил на Фејсбук, Расмусен објавил дека е дојдено време за добар почеток во подобрување на односите на НАТО и Русија и дека е задоволен што рускиот претседател Дмитри Медведев ја прифатил поканата за самитот на НАТО во Лисабон. Расмусен му порачува на рускиот народ дека НАТО не е непријателот на Русија туку важен стратешки партнер.