Саркози: Новиот договор нема никому да наштети

Новите одбранбени договори меѓу Британија и Франција нема да влијаат негативно врз другите земји од Европската Унија или НАТО, соопштија лидерите на овие две земји. Францускиот претседател Никола Саркози изјави дека здружувањето на воените ресурси е потребно, односно „нови идеи “ се потребни за справување со проблемите на 21-от век. Според договорот, заедничката воена сила ќе биде поставена така да може да одговори на барањата за учество во активностите на НАТО, Европската Унија или други билатерлни активности.