Бабановски: Нема досие за Ивановски

Поранешниот оперативец на УДБА, Иван Бабановски денеска изјави дека никогаш не ги сретнал досието„ Ламбе“ односно досието на поранешниот претседател на Уставниот суд,Трендафил Ивановски, за кој Комисијата за верификација на факти утрвди дека бил соработник со тајните служби. Бабановски се појави денеска во Управниот суд како стручен помагач на барање на тужителот Ивановски. По јавната расправа Бабуновски изјави дека никогаш не ги сретанл ни досиеата со псевдоними„ Мама“ , „ Вујко“, и „Стрелец“ и дека е несериозно и недозволиво такви досиеа да се, како што вели, сеат по улица. Управниот суд се откажа од усно објаснување на пресудата по денешната јавна расправа и соопшти дека пресудата ќе биде објавена во законски предвидениот рок.