Уставните реформи во БиХ тема на средбите на Милошоски во Сараево

Македонскиот министер за надворешни работи , Антонио Милошоски во Сараево во својство на претседавач со Комитетот на министри на Советот на Европа, ќе разговара со босанските политичари и со амбасадори на земјите членки на Советот на Европа за уставните реформи на Босна и Херцеговина во контекст на изборното законодавство , очекуваната визна либерализација и за македонското искуство од тој процес.