Британија и Франција ќе имаат заедничка воена сила

Британскиот премиер Дејвид Камерун и францускиот претседател Никола Саркози денеска во Лондон потпишаа два договори за целосна одбранбена соработка. Британија и Франција ќе создадат заеднички воени сили, заеднички ќе ги користат носачите на авиони и нуклеарните лабаратории. Камерун по средбата со Саркози изјави дека со овој договор е отворено ново поглавје во партнертвото на Британија и Франција.