Камерун и Саркози разговараат за нова одбранбена соработка

Британскиот премиер Дејвид Камерун и Гранцускиот претседател Никола Саркози разговараат денеска во Лондон за потпишување на договор за нова одбранбена соработка во кој е вклучено и заеднички развој и тестирање на нуклеарни оружја. Овој вид на соработка меѓу две земји членки на Европската Унија, НАТО и Советот за безбедност на Обединетите Нации е без преседан. Се очекува британскиот и францускиот лидер да потпишат договор со кој ќе се отвори еден центар во Париз и друг во Британија каде ќе се прават нуклеарни симултани тестирања.