Албанија - милијарда долари инвестиции во земјоделието

Албанската Влада реализирала во изминатите четири години инвестиции од над една милијарда долари за развој на земјоделието и во областа на заштитата на животната средина.
Според албанскиот премиер Сали Бериша, Владата работи интензивно на внесување нови алтернативни земјоделски култури и поддржува формирање професионални центри за квалификации на кадри во земјоделието.