Во САД избори за членови на Конгресот

Во САД се одржуваат избори за членови на Претставничкиот Дом и на Сенатот, како и за гувернери на повеќе држави. Денешните избори се случуваат на средината од четиригодишниот мандат на претседателот Барак Обама. Американците избираат 435 членови на Долниот дом со двегодишен мандат и една третина од членовите на Сенатот, горниот дом на Конгресот, кој го сочинуваат вкупно 100 пратеници со шестгодишен мандат.