Косовското Собрание ќе гласа за доверба на Владата

Пратениците во косовското Собрание треба да се изјаснат за недоверба на Владата, што е иницирано од Алијанса за ново Косово. Партијата претходно собра 40 потписи за покренување расправа. Претседателството на Косово ја усвои петицијата и го определи датумот на седницата. Ако биде изгласана недоверба на Владата, привремениот претседател на Косово Јакуп Красниќи ќе распише избори, кои би можеле да бидат одржани на 12 или на 19 декември.