Октомври најсмртоносен месец оваа година за Ирачани

Ирачките власти соопштија дека во октомври загинале вкупно 185 Ирачани од кои 120 биле цивили. Според податоците на министертвата за здрвство, одбрана и внатрешни работи, овој месец е со најголема стапка на убиства оваа година.
Франс прес известува дека во октомври загинале и двајца американски војници со што бројот загинати припадници на американската војска во Ирак од 2003 та достигна 4 427 војници.