Русија и Јапонија во дипломатски спор

Русија и Јапонија влегоа во дипломатски спор, откако рускиот претседател Дмитри Медведев посети еден од островите за кои се спорат со Јапонија уште од крајот на Втората Светска војна. Медведев го посети островот Кунашир, со што за прв пат руски претседател стапна на еден од Курилските острови за кои Јапонија тврди дека спаѓаат во нејзината територија. Јапонскиот премиер Наото Кан изјави дека посетата на Медведев е „ многу жалосна„.Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја оцени јапонската реакција како „ неприфатлива“.