Ограбена бензинската пумпа во Скопје

Од бензинската пумпа „Авто Мото Петрол“ во скопската населба Топанско поле изутрината биле украдени 600 илјади денари. Грабежот, според полицијата, го извршиле двајца маскирани лица, кои биле вооружени со пиштол и со нож. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на ограбувачите.