Намалување на цените во Грција?

Најави за драстични намалувања на цените на производите се појавија во продавниците во Грција, два месеци пред Божиќните празници, јавуваат грчките медиуми. Намалувањата достигнуваат и до 80 проценти. Пониските цени се диктирани од фактот дека од почетокот на годината продажбата опаднала за 40 отсто. Од друга страна, антикризните мерки преземени од владата, доведоа до строго штедење и драстично ја намалија куповната моќ на потрошувачите.