Алкохолот поопасен од хероинот и кокаинот

Алкохолот е поопасен по здравјето на луѓето од хероинот и кокаинот, покажа најновото истражување на британските научници. Иако хероинот или кокаинот се најопасни за оние што ги консумираат, општествените последици од алкохолот се најголеми, се наведува во студијата во која се истакнува дека алкохолот има разорни последици не само за оние што го консумираат, туку и за нивната околина. Алкохолот, како што се додава, исто така ги оштетувал скоро сите човечки органи.