Пет партии во новиот парламент на Киргистан

Централната изборна комисија на Киргистан соопшти дека пет партии успеале да влезат во новиот парламент, но ниту една од нив не освоила мнозинство гласови на изборите одржани на 10 октомври. Во конечните официјални резултати се наведува дека најмногу, или 8,7 проценти од гласовите, добила партијата Ата Зурт, по што следуваат социјалдемократите со 7,8 насто.