Претседателот на Собранието Вељаноски во Канада

Делегација на македонското собрание предводена од претседателот Трајко Вељаноски од денеска е во официјална посета на Канада по покана од претседателот на Претставничкиот дом на канадскиот парламент Питер Миликен, соопшти собраниската прес служба. За време на првата официјалната посета на Канада, Вељаноски ќе има повеќе средби со канадски пратеници, а ќе ќе се сретне и со Заедницата на македонските иселеници во Канада.