Бразил доби жена за претседател

Бразил доби жена за претседател, покажуваат резултатите на Врховниот изборен суд. Кандидатката на Работничката партија Дилма Русеф победи во вториот изборен круг. Таа ќе биде наследник на популарниот претседател Луис Инасио Лула да Силва. Во првиот круг од изборите Русеф освои 47 проценти од гласовите а нејзиниот против кандидат Жозе Сера 33 проценти.