Медведев во посета на Курилските острови

Рускиот претседател Дмитриј Медведев пристигна на Курилските острови, со што стана првиот руски лидер кој допатувал во посета на островите. Посетата на островите , е непосредно пред посетата на Медведев на Јапонија за да присуствува на Состанокот за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК). Советскиот Сојуз ги окупираше четирите спорните острови на крајот на Втората светска војна и оттогаш се води територијалниот спор меѓу Токио и Москва. а тоа спречува двете земји да потпишат формален договор за мир.