Германија ги затвори аеродромите за Јемен

Германската влада соопшти дека ќе го запре целиот авиотранспорт од Јемен, откако откриле дека еден од двата пакета со експлозив бил претоварен на еден од германските аеродроми.
Германскиот министер за транспорт Петер Рамсојер изјави дека да биде дозволена ниту авионската поштенска и товарна размена, и додаде дека властите им дале инструкции на авиокомпаниите, логистичките фирми и фирмите за испорака како да дејствуваат соодветно. Во меѓувреме, властите во Јемен, уапсија жена, осомничена дека е инволвирана во неуспешниот обид за терористички напад и оти таа била директно поврзана со пратките, кои требале да завршат во две синагоги во Чикаго.