Полициската акција „ фаланга“ продложува

Бронзени делови од свечена погребна ритуална кочија од 2 век п.н.е. се пронајдени во домовите на двајца скопјани. Во полициската акција “Фаланга“ најдени се и други предмети кои потекнуваат од римскиот период и две икони велат од МВР.
Според сознанијата на полицијата, другите делови од конфискуваните предмети се продадени на илегален пазар со антиквитети надвор од Македонија за што како што изјави потпаролот на МВР, Иво Котевски ќе се преземат дополнителни мерки преку Интерпол.