Сервер- Македонија треба да влезе во НАТО, но Грција има право на вето

Претседателот на Институтот за мир во Вашингтон, Даниел Сервер смета дека Македонија треба да влезе веднаш во НАТО. Сервер ја потврдува големата поддршка на Вашингтон кон Македонија, но посочува дека грчкото членство во НАТО и во ЕУ и го дава правото на вето.Воедно тој го поздрави испраќањето на писмото од 19. американски когресмени и сенатори упатено до претседателот Барак Обама, во кое тие бараат поголем ангажман за Македонија, како резултат на се она што државата го има направено како стратешки партнер на САД и на НАТО.