УЕФА тужи поранешен кипарски фудбалски функционер

Европската фудбалска куќа УЕФА соопшти дека почнала судски процес против поранешниот функционер на Кипарскиот фудбалски сојуз Спирос Марангос кој обвини за корупција при доделувањето на организацијата на Европското првенство во 2012 на Полска и на Украина. Марангос тврди дека четворица претставници на УЕФА земале мито од повеќе од 13 милиони долари за да гласаат овие две земји да ја добијат организацијата на шампионатот.
УЕФА смета дека со овие непотврдени обвинувања им се нарушува угледот.