Јемен трага по „поштенските“ терористи

Јеменските сили се во потрага по терористите од Ал Каеда осомничени дека стојат зад плановите за бомбашки напади врз еврејски цели во Чикаго.
Во петокот беа откриени две поштенски пратки во кои имало експлозив. Поштата била испратена од Јемен кон САД.
Едниот експлозив бил откриен во Дубаи скриен во печатач испратен од Јемен за САД преку Федекс, а другиот бил откриен во карго-авион во Лондон.