Нови терористички закани за САД

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека властите откриле сериозни терористички закани против Соединетите Држави, откако беа пронајдени два пакета со експлозив, во карго авиони, испратени од Јемен. Обама изјави дека ќе бидат интензивирани американските напори за уништување на приврзаниците на Ал Каеда во Јемен. Претседателот на Јемен, Али Абдула Салех ветил целосна соработка во истрагата. Инаку, по откривањето на пакетите со експлозив, подигнати се мерките за безбедност во Соединетите Држави, Велика Британија и на Блискиот Исток.