Одложена средбата Груевски Папандреу во Брисел

Средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу планирана за попладнево во Брисел е поместена за два часа подоцна на барање на грчката страна.
Средбата, првично беше закажана за вчера, но поради обврски на Папандреу околу состанокот на Европскиот совет беше одложена за денеска попладне.
Тоа ќе биде седма тет-а-тет средба на двајцата премиери по доаѓањето на Папандреу на чело на Владата на Грција. Досегашните, покрај заложбите за подобрување на билатералните релации, не донесоа напредок во решавањето на прашањето за името.